Т.А. НЕХАР ТУРС, ул. "Даме Груев" блок бр.5, Градски ѕид   
Тел: 02/3 13 10 45 Фах: 02/3 11 76 88   
e-mail: nehartours@yahoo.com, www.nehar.mk   

СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ!!!

ШПАНИЈА АВТОБУС
ЛЕТО 2010
Хотел Селамар 3* 389 EUR
01.09.2010
 
   spanija
 
8-ми Септември

 mkd
 
ГРЦИЈА
ЛЕТО 2010

ОД 65 ЕВРА
 
   грција
 
Рим Нова Година 2010

Рим со авион



1 ден (31.12) СКОПЈЕ – РИМ: Состанок на групата на аеродром Скопје во 11:30 часот. Полетување за Рим во 13:00 часот (LFM ). Пристигнување во Рим во 14.40 часот. Трансфер до хотелот со панорамско разгледување на градот: Колосеумот, Римскиот Форум, Олтарот на мирот, Плоштадот Венеција, Плоштадот на Републиката, Фонтаната на Мојсеј, Палата на Правдата, Кастел Сант Анџело, црквата Св. Петар. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.

 

             ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

 

2 ден (01.01) РИМ– ВАТИКАН: Појадок. По појадокот  предлагаме Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските Музеи, Сикстинската капела, базиликата Св. Петар, куполата на Микеланџело со поглед од височина на прекрасниот плоштад Св. Петар. По разгледот препорачуваме прошетка до Уметничката четврт на Рим преку Мостот на ангелите, |до плоштадот Навона со прекрасната фонтана Деи Кватро Фјуми, посета на Пантенонот и плоштадот Дела Ротонда. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

3 ден РИМ (02.01): Појадок. Прошетка по најтуристичката улуца Виа дел Корсо до Фонтаната на Треви и пријатна кафе пауза на Шпанскиот плоштад со поглед на Тринита деи Монти. Оттаму преку најекслузивната улица Виа деи Кондоти до најголемиот плоштад во Рим Пјаца дел Пополо на кој се наоѓаат двете цркви близначки Санта Марија деи Мираколи и Санта Марија ин Монтесанто.

Попладнето препорачуваме прошетка низ боемскиот кварт Трастевере, како и посета на  единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска населба. оќевање.

 

4ден РИМ (03.1): Појадок. Слободно предпладне или факултативна посета на паркот Тиволи и прекрасната Вила Д Есте која плени со својата убавина и парк во кој се наоѓаат илјада фонтани. Попладне, трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15.40 часот (LFM). Пристигнување во Скопје во 17.20 часот. 


Цена: 27.900 ден 


 ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- авионски превоз Скопје-Рим-Скопје
- трансфер аеродром-хотел-аеродром
- сместување во хотел 3*, 3НП
- разглед на Рим
- пратител на групата

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

- факултативни излети
- посета на Ватикан со локален водич и влезница
- посета на Тиволи со локален водич и влезница
- аеродромски такси: 4280,00 мкд
- италијанска влезна виза и осигурување (2.900,00 мкд)
- доплата за 1/1 соба (НА БАРАЊЕ)
- организација и водство на патот

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 09.12.2008

НАПОМЕНИ:

  • за реализација потребна е уплата од 30%
  • за реализација на програмот потребен е минимум од 30 патници. Во случај на промена на цената на авиопревозот организаторот ќе ја корегира цената на аранжманот.

 

ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ИТАЛИЈАНСКА ВИЗА ЗА ВРАБОТЕНИ:

-       Пасош (со важност минимум 6 месеци) и фотокопија од првите две страни;

-       Една (1) колор слика, со бела позадина, не постара од шест (6) месеци;

-       М1/М2 образец, работничка книшка и фотокопија од истите;

-       Потврда од работа на Меморандум со следниве податоци:

а/ Лицето е во редовен работен однос;

б/ На кое работно место работи;

в/ Висина на личен доход;

г/ Период во кој лицето ќе отсуствува од фирмата поради патување во Р. Италија (30.12.2008-04.01.2009);

-       Вработени во приватна фирма: документ за регистрација на фирмата, обрасци од 1-7 и фотокопија од истите (биланси, фактури, даночни плаќања, приходи, недвижен имот...);

-       Здравствена легитимација и фотокопија од првите четири (4) страни;

-       Син картон од здравствено осигурување;

-       Парични средства во висина од 250евра или кредитна картичка и фотокопија со извештај со колку средства располага (минимум 50евра дневно);

-       Фотокопија од претходна шенген виза (доколку странката има).

Превземи
PDF 
 

LAST MINUTE ТУНИС
ЛЕТО 2010

CARTER OD BELGRAD
NEODOLIVA PONUDA

nica

ШПАНИЈА ЧАРТЕР
ЛЕТО 2010
 
ПРОМОЦИЈА

praga

 ТУРЦИЈА ЧАРТЕР
ЛЕТО 2010
ПРОМОЦИЈА

истанбул