1 ден СКОПЈЕ -СОЛУН - ПАРАЛИЈА: Поаѓање во 07.00 часот од паркингот спроти х.Холидеј Ин. Се патува преку граничниот премин Богородица. Посета на Солун. Панорамско разгледување на градот : Виа Егнатиа, црквата Св.Димитрија со прочуените мозаици од 7 век, црквата С.Ротонда, Св.Софија, Белата Кула, плоштадот Аристотелис. и слободно време за шопинг.Патувањето продолжува кон Паралија каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање. Факултативен Дочек на Новата Година во таверна со музичка програма и традиционално грчко мени.
2 ден ПАРАЛИЈА - МЕТЕОРИ: Појадок. Слободен ден. Предлагаме факултативен излед до Метеорите - познат комплекс на манастири изградени на врвовите на живописни карпи. Посета на еден од манастирите - Гранд Метеора или Варлам. Попатен разглед на Лариса, Каламбака и Трикала како и малата црквичка на реката Темби - Агиа Параскеви ( Света Петка) .Ноќевање.
3 ден ПАРАЛИЈА - ДИОН-ОЛИМП-ЛИТОХОРО: Појадок. Предпладневе водиме низ регионот на Пиерија. Ќе го посетиме Античкиот локалитет Дион под планината Олимп и малото место Литохоро. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.
3 ден ПАРАЛИА - ВЕРГИНА-ВОДЕН - ПЕЛА - СКОПЈЕ:Појадок. Целодневен излет со посета на Археолошкиот локалитет Вергина - античка престолнина на македонскиот Крал Филип Втори, градот Воден со своите прочуени водопади и за крај Пела - Престолнината на Античката Македонија во времето на Александар Македонски. Патувањето завршува во Скопје во вечрните часови
Во дадената цена пресметани се следните услуги :
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
*Сместување на база 3 ноќевање со појадок вохотел 3*,
*Организација и водство на патувањето.
* Организирани излети според програмата
Цената не вклучува:
* влезници за културно историските споменици
* факултативна екскурзија Метеори 25еур
* влезна грчка виза + патничко осигурување 950 мкд по особа