Истанбул со автобус

ПРОГРАМА:
30.12.09 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ: Состанок на групата спроти хотелот Holiday In во 17.00 ч.. Поаѓање за Истанбул во 17:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.
31.12.09 ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија, Бејазит,Најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел( каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот... Сместување во хотел. Вечерта факултативно Дочек на Нова година во некој Елитен ресторан во Истанбул.
****** ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА*****
01.01.10 ИСТАНБУЛ: Појадок. Факултативен излет за музеите од отоманскиот период, Аја Софија, Сината џамија, Топ Капи палатата, посета на Миниатурк паркот- познатиот парк на минијатури од сите знаменитости во Турција.... Слободно попладне за индивидуални активности (шопинг). Ноќевање.
02.01.10 ИСТАНБУЛ: Појадок. Предлагаме факултативно крстрење по БОСФОРОТ со брод и водич, тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палата, крстарењето овозможува прекрасен поглед на раскошните палати на светски познатите политичари ( Тансу Чилер...), бизнисмени...Kiskulesi (Моминската кула) , најубавата Султанска палата ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ.
Вечерта факултативно посета на елитен ресторан со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање
03.01.10 ИСТАНБУЛ- СКОПЈЕ: Појадок. Слободно предпладне до поаѓањето за Скопје.Се патува преку Грција, ноќно возење со попатни паузи.
04.01.10 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје предпладневните часови
Плаќање во денарска противредност
Цената на програмот: 139 еур
Цената вклучува:
-автобуски превоз
-сместување во хотел Eyfel 3* на база ноќевање со појадок. www.hoteleyfel.com
-панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич на македонски / српски јазик.
-Најдобриот водич за Истанбул
Цената не вклучува:
-Факултативни излети и влезници
* крстарење по Босфор + влезница за долма Бахче сарајот+ влез Миниатрук
-Дочек на Нова Година цена од: 80 еур
-Грчка транзит виза 950 ден.
Калкулација работена на база 40особи.
Превземи PDF