1 ден (30.12) СКОПЈЕ-ДУБРОВНИК: Состанок на групата пред Х. Бристол во 17.30 часот. Поаѓање за Дубровник во 18.00 часот. Се патува преку Косово, Црна Гора, со попатни паузи. Ноќно возење.
2ден (31.12) ДУБРОВНИК: Попатно застанување во Будва во утринските часови (доколку програмата се одвива според планираното време). Прошетка низ стариот град. Патот продолжува преку преминот Дебели Брег. Пристигнување во претпладневните часови во Дубровник-град музеј, еден од најубавите градови на Балканот. Сместување во Хотел . Краток одмор. Попладне посета и разгледување на културното наследство во старото градско јадро со професионален локален водич: Страдун со Орландовиот столб и Онофиевата чешма, палатата Спозна, Кнежевиот двор, барокната црква Св. Влах, Катедралата-Вознесението на Марија, кулата Минчета, тврдината Ловриенац... Целодневна музичка и забавна програма на плоштадите за дочек на Нова 2009 Година. Ноќевање.
***ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА***
3 ден (01.01) ДУБРОВНИК (Излет на КОРЧУЛА): Појадок. Факултативен целодневен излет со брод до Корчула. Со автобус се оди до Оребич, кој се наоѓа на островот Пељешац, од каде со брод се оди до Корчула. Враќање во хотел околу 18.00 часот. Ноќевање.
4 ден (02.01) ДУБРОВНИК: Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и одмор, шопинг... Ноќевање.
5 ден (03.01) ДУБРОВНИК-(КОТОР)-СКОПЈЕ: Појадок. Поаѓање за Скопје, со попатна обиколка на Бока Которска, најјужниот Фјорд во Европа и едно од најубавите места на Јадранот. Длабокиот залив со тенка крајбрежна линија над која се надвиснати високи планини и со низа поголеми и помали градови: Котор со катедралата Св. Трипун, Рисан, Пераст, Прчањ, Доброта...Патот продолжува кон Скопје. Пристигнување во раните утрински часови следниот ден.
179 EUR
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- автобуски превоз на наведената релација
- сместување во хотел , 3НП(ноќ. со појадок)
разглед на Дубровник со локален водич
- организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- влезници за музеите и културно-историските споменици
- задолжително патничко-здравствено осигурување 310 мкд
- можност за полупансион (вечера)
ЗА ПРИЈАВА ДО 01.12.2009 10% ПОПУСТ
НАПОМЕНИ:
- за реализација потребна е уплата од 30% од цената на аранжманот
- за реализација на програмот потребен е минимум од 40 патници.
Превземи PDF
Сите други услови на патување важат според годишниот програм на Нехар Турс и СКТМ