|
| Дубаи Нова Година 2010 |
Сонце, шопинг, плажи, спорт и безбедност – 5-те најважни фактори кои допринесуваат Дубаи да се развие во една од најдобрите и најбарани светски дестинации. Со своите прекрасни плажи, светски познатите хотели со прекрасните трговски центри, Дубаи е една незаборавна дестинација. Од вечните тишини на пустината до динамичноста по арапските пазари, Дубаи претставува калеидоскоп од незаборавни туристички атракции, каде што ќе уживате во богатиот микс на старото и нoвото, каде што сте во очекување на неочекуваното. Сигурно сте слушнале за највисокиот хотел во светот, највисоката зграда во светот или за огромниот остров “Мапата на Светот”? Претставете си вечера во најскапиот хотел во светот, а миг потоа да сте дел од културата на бедуините во пустината, или пак романтична вечера по каналот на Дубаи?

ПРОГРАМА:
1 Ден - (29.12– Вторник) Состанок на групата на аеродромот “Александар Велики” во Скопје. Полетување со директен чартер лет на релација Скопје – Дубаи (DXB) со авиокомпанија BH Air. Слетување на аеродромот во Дубаи (DXB). По пасошката контрола, трансфер до избраниот хотел. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање. 2 Ден - (30.12 – Среда) Појадок. Полудневна екскурзија и панорамски разглед на Дубаи со предвидени застанувања за посети. (објаснети детално подолу). Во попладневните часови враќање во хотел. Слободно попладне за индивидални активности. Ноќевање. 3-ти Ден - (31.12 – Четврток) Појадок. Слободен ден за плажа или индивидуален разглед на Дубаи и посета на големите трговски центри. Попладне, подготовка на Дочек на Новата Година. Ноќевање.
НОВОГОДИШНА ГАЛА ВЕЧЕРА !!!
4-ти Ден– (01.01 – Петок) Слободен ден за индивидуални активности. Можност за плажа, шопинг во најпознатите трговски центри во светот. Вечерта, факултативно, вечера на традиционално арапско бротче (Dhow) каде можете да го видите Дубаи преку водите на Дубајскиот канал. (објаснета детално подолу). 5-ти Ден– (02.01 – Сабота) Слободен ден за индивидуални активност. Можност за плажа, шопинг во најпознатите трговски центри во светот. Попладне факултативно – Џип Сафари во пустината дополнета со богата арапска вечера во бедуински камп. Тргнување од хотелот со џипови (објаснета детално подолу). 6-ти Ден – (03.01 – Недела) Појадок. Слободно време за на плажа , шопинг или факултативно целодневна ексурзија до Абу Даби, главниот град на ОАЕ. (објаснета детално подолу). 7-ми Ден – (04.01 – Понеделник)
Појадок. Напуштање на хотелот. Во попладневните часови трансфер до аеродромот во Дубаи(DXB). Полетување со директен чартер лет на релација Дубаи – Скопје.
ЦЕНОВНИК:
Цените се изразени во евра. Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 61,8 ден за 1 евро
Цената вклучува: - Директен чартер лет на релација Скопје – Дубаи – Скопје - Трансфери во Дубаи – аеродром – хотел – аеродром - Сместување во избраниот хотел на база 6 ноќевања со појадок - Полудневна организирана ексурзија низ Дубаи - Организација на аранжманот и придружник на патувањето Цената не вклучува: - Аеродромски такси (125 еур) - Влезна виза за ОАЕ 70 еур. (потребен е пасош кој е валиден повеќе од 6 месеци од денот на аплицирање за виза и стандардна фотографија-пасошки формат ). - Факултативна Новогодишна вечера – 100 еур во гала салата на Htl HAYAT REGENCY 5* - Крстарење по Дубајскиот залив (Dhow) 60 usd; - Џип Сафари со вечера – 65 усд; - Абу Даби екскурзија 70 усд. Вечера или ручек во Burj Al arab- 150 усд
Превземи PDF
Сите ексурзии се детално објаснети подолу во прилогот
Hotel NIHAL 3*- http://www.travelpod.com/hotel/Nihal-Dubai.html Хотелот е лоциран во дистриктот Deira во Дубаи, во близина на познатата Саат Кула, многуте трговски центри и познатата улица Al Rigga. Хотелот располага со 70 соби кои се опремени со телевизор/сателитска телевизија, клима уред, бања, туш, фен за коса, телефон, сеф. Хотелот располага со лоби бар, менувачница, безжичен интернет, ресторан, ноќен клуб, обезбедување, паркинг.
Radisson Blu Media 4* - http://www.radissonblu.com/hotel-mediacitydubai Хотелот е лоциран во новиот дел на Дубаи, во непосредна близина на плажата Jumeirah Beach, Mall of Emirates, Dubai Marina… Хотелот располага со 246 соби кои се опремени со LCD телевизор, бесплатен интернет, бања, туш, фен за коса, клима уред, мини бар, сеф. Во склоп на хотелот работи фитнес и спа центар кој нуди голем број на услуги, бизнис центар, 24 часа room service, 2 ресторана, со азиска и интернационална кујна, 3 бара од кои едниот е покрај базенот на последниот спрат од хотелот. Хотелот нуди и бесплатен превоз до Mall Of Emirates и плажата Jumeirah beach.
Four Point Sheraton 4* - http://www.starwoodhotels.com/fourpoints/property/overview/index.html?propertyID=3093 Хотелот се наоѓа во центарот на Дубаи и локацијата му е идеална за прошетки бидејки се наоѓа во непосредна близина на трговски центри, Музејот на Дубаи, пазарот за злато...Хотелот располага со 125 соби кои се стилски опремени со телевизор, сеф, индидуален клима уред, интернет (wireless, се наплаќа дополнитело), мини бар (се наплаќа дополнително), сателитска телевизија, бања, туш, фен за коса, радио и аларм, телефон, пегла, машина за кафе и чај, бесплатни весници. Хотелот располага со лоби, рент а кар, базен, фитнес, џакузи, сауна, бизнис центар, ресторан, коктел бар, англиски паб, индиски ресторан, ноќен клуб.
Hayatt Regency Dubai 5* - www.dubai.regency.hyatt.com Хотелот е од познатиот светски ланец и се наоѓа покрај самото шеталиште покрај морето во Деира. Собите модерно се опремени со бања и туш, фен за коса, бањарка, папучи, клима уред, телевизор со сателитска телевизија, минибар (се наплаќа дополнително), машина за кафе и чај, сеф, бесплатен весник на англиски. Хотелот располага со луксузно лоби, ресторан на последниот спрат од хотелот кој ротира и има прекрасна глетка на целиот Дубаи, 6 тематски ресторани, кафетерии, спа центар, фитнес центар, базен, фризерски салон, аптека, room- сервис.
Dubai Marine Beach Resort & Spa – 5* - www.dxbmarine.com Хотелот е лоциран на почетокот на познатата Jumeirah Beach, на 10 мин од центарот на Дубаи, и во близина на повеќето светски познати трговски центри. Хотелот располага со соби кои се луксузно опремени со LCD телевизор, бања, туш, фен за коса, мини бар, клима уред. Во склоп на хотелот работи СПА и Фитнес центар, фризерски салон, 2 базена, приватна плажа, продавница за накит, менувачница, рент а кар, 12 ресторани и барови.
Hilton Dubai Jumeirah Resort – 5* - http://www1.hilton.com/en_US/hi/hotel/DXBJBHI-Hilton-Dubai-Jumeirah-Resort/index.do Хотелот е лоциран на плажата Jumeirah Beach, во близина на Ski Dubai, Wild Wadi Water Park. Хотелот е опремен со модерно дизајнирани соби кои се опремени со туш, бања, фен за коса, мини бар, сеф, LCD телевизор, клима уред. Во склоп на хотелот има СПА и Фитнес центар, фризерски салон, безжичен интернет, менувачница, базен, рент а кар, room - сервис, приватна плажа.
АTLANTIS on the Palm - http://www.atlantisthepalm.com/default.aspx
Познатиот хотел кој што претставува последна мода во современото градење е лоциран на крајот од познатата палма, со сопствен остров, и опремен луксузно со повеќе типови на соби опремени со LCD телевизор, бања, туш, фен за коса, мини бар, сеф, клима уред. Самиот хотел преставува комплекс кој предлага многубројни услуги. Работат над 10 ресторани со различни тематски кујни, кои се добитници на многу награди, водени паркови, СПА центар, фитнес центар, базени, приватни плажи, шопинг центар,тенис игралишта, анимација за деца...
|
| |
|
|
|
LAST MINUTE ТУНИС ЛЕТО 2010
CARTER OD BELGRAD NEODOLIVA PONUDA
|
|

|
|
ШПАНИЈА ЧАРТЕР ЛЕТО 2010 ПРОМОЦИЈА
|
 |
|
ТУРЦИЈА ЧАРТЕР ЛЕТО 2010 ПРОМОЦИЈА
|
 |
|