ШПАНИЈА АВТОБУС ЛЕТО 2010 Хотел Селамар 3* 389 EUR 01.09.2010
8-ми Септември
ГРЦИЈА ЛЕТО 2010
ОД 65 ЕВРА
Атина Нова Година 2010
Атина
1 ден (30.12)СКОПЈЕ –АТИНА:Состанок на групата пред х. Бристол во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ден (31.12)АТИНА: Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно Новогодишна вечера во таверна на Плака со богата музичка програма или пак на централниот плоштад Синтагма. Ноќевање.
ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА
3 ден (01.01) АТИНА: Појадок. Полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. Од тука ќе го доживеете најпрекрасното заоѓање на сонцето. Вечерта факултативна свечена вечера во таверна со музика и богата уметничка програма. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден (02.01) АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ:Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ден (03.01) АТИНА-ДЕЛФИ-СКОПЈЕ:Појадок. Поаѓање кон Скопје со попатна посета на Античкиот локалитет Делфи - светилиште на богот Аполон и неговиот музеј -(доколку временските услови дозволуваат). По посетата, патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.
9.990 mkd
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: - автобуски превоз на наведената релација - сместување во хотел 3*, 3НП(ноќ. со појадок) - разглед на Атина со локален водич - посета на Пиреј и Сунион - организација на аранжманот и пратител на групата - излет до Делфи
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: - грчка групна виза и осигурување 950 мкд - факултативна посета на Пелопонез (25 €) - вечера во Таверна ( 60 €) - влезници за локалитетите и други факултативни посети - доплата за 1/1 соба на барање – 50 €
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ СО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА : 12.12.2009
НАПОМЕНИ:
за резервација е потребна уплата од 30%
за реализација на програмот потребен е минимум од 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ