АВТОБУС 3ноќ / 4дена
1 ден:31.12. 2009 СКОПЈЕ - ДРАЧ:
Состанок на групата пред хотел Бристол во 06:00час. Поаѓање за Албанија во 06.30 часот. Се патува преку граничниот премин Ќафасан, со попатни паузи. Пристигнување во Драч во попладневните часови. Сместување во хотел. Разглед на градот и посета на Амфитеатарот, црквата, пристаништето. Слободно врема за индивидуални активности,..Свечена Новогодишна вечера. Ноќевање.
2 ден: 01.01.2010 ДРАЧ – КРУЈА - ДРАЧ:
Појадок. Факултативна посета на малото, но значајно гратче Круја, изградено на врвот од едно ридче, утврдено со ѕидини кои биле центар на отпорот против Османлиите во 15 век и седиште на Скендербег. Посета на музејот на Ѓорѓи Кастриот - Скендербег во обновениот замок, посета на традиционалниот пазар каде може да се најдат прекрасни антиквитети и сувенири. Посета на Катедралата, Саат Кулата, Етнографскиот музеј....Враќање во Драч. Слободно врема за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден: 02.01.2010 ДРАЧ – ТИРАНА - ДРАЧ:
По појадокот, заминување за Тирана. Разглед на градот со локален водич. Посета на Националниот историски музеј, Парламентот, Операта, Националната библиотека, џамијата на Етхем беј, Саат кулата, Националната уметничка галерија, Плоштадот Скендербег, големиот парк ..Вечерта враќање во Драч во хотел. Ноќевање.
4 ден: ДРАЧ – ЕЛБАСАН –СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и тргнување за Скопје, со попатна пауза во Елбасан и разглед на амфитеатарот. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА ПРОГРАМАТА: 7.100,оо мкд
Цената вклучува:
- автобуски превоз
- Хотел Dyrrah 3*+, 3 ноќевања со појадок
- разгледи според програмата
- водство на програмот
Цената не вклучува:
- Албанска влезна виза
- Влезници за музеи и споменици
- Свечена новогодишна вечера 5.500мкд
- Факултативна посета на Круја 15 евра
- доплата 1/1 соба = 15 евра
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 40 ПАТНИКА !!
превзами PDF